Обрадовиќ без влакна на јазикот: НБА е мафија!

obradovic-1

Жељко Обрадовиќ е убедливо најтрофејниот тренер во Европа и важи за авторитет каков што ретко може да се начека во некоја соблекувална, но и покрај тоа што има изградено и тоа како добро педигре за да се испроба во НБА лигата, популарниот „Жоц“ сега јасно стави до знаење дека не планира таков чекор во блиска иднина.

Обрадовиќ има освоено дури девет титули во Евролигата и важи за апсолутен „крал“ во најпрестижното европско натпреварување, епитет кој очигледно му овозможува да говори директно и без влакна на јазикот за најсилната кошаркарска лига во светот. Жељко потенцира дека НБА е една навистина фасцинантна организација, но од друга страна пак, нагласува дека станува збор за мафијашко уредување кое не им дозволува просперитет на европските тренери.

– Нема европски тренер во НБА, ќе ви кажам зошто е тоа така. Тоа е така поради фактот што НБА е мафија. Не им даваат на европските тренери да работат и никој не зборува за тоа. Јас можам да го кажам тоа, бидејќи не ме интересира да работам во НБА набрзо. Максимално ја почитувам НБА лигата, тоа е најдобра лига во светот, но ќе кажам дека многу европски тренери можат да работат таму, но не им се дозволува. Јас лично, во овој момент немам интерес да бидам таму, – потенцира искусниот Обрадовиќ во интервјуто за „Спортандо“.

Facebook Коментари