Автомобили
Обновена и пуштена во употреба бензинската станица на „Макпетрол“ во Свети Николе

Како најголем дистрибутер на нафтени деривати во државата, компанијата секогаш се труди на своите потрошувачи да им осигура квалитетни, сигурни и економични нафтени производи.
Токму поради тоа, „Макпетрол“ постојано инвестира во обнова и модернизација на своите бензински станици, како и во развој на нови технологии за подобрување на квалитетот на горивата.
Согласно потребите на потрошувачите, „Макпетрол“ непрекинато работи кон подобрување на својата мрежа на услужни објекти, за да го олесни снабдувањето со горива, био горива и течен нафтен гас.
Со задоволство ве информираме дека од денеска започнува со работа обновената бензинска станица на „Макпетрол“ во Свети Николе. На бензинската станица се достапни сите квалитетни горива од новата генерација ULTRA горива базирани на технологијата Dual Action Technology, а отсега на бензинската станица на потрошувачите ќе им биде достапен и течн нафтен гас за возила (ТНГ). Продажниот објект на потрошувачите им стои на располагање со широк избор на производи од дополнителниот асортиман, секој ден од шест часот наутро до 22 часот.
„Макпетрол“ и понатаму ќе продолжи да инвестира во своите капацитети, модернизирајќи ги со најнови технологии, што е дел од посветеноста на компанијата кон задоволување на потребите на потрошувачите и истовремено да овозможи ефикасно снабдување со нафтени деривати и други производи и услуги.
-
АТПпред 22 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
АТПпред 24 часа
Алкарас се повреди и застана, Ѓоковиќ рутински до седмото финале во Париз
-
Светпред 20 часа
Руни: Нема да му биде лесно на Меси во МЛС лигата, нема да дојде и…
-
Шпанијапред 22 часа
Димитриевски е на листата на потенцијални засилувања за Реал
-
АТПпред 10 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Англијапред 23 часа
Нема да може да се расфрла со пари: Њукасл има ограничени финансиски средства за летниот преоден рок
-
Лига на шампионипред 19 часа
Де Брујне пред финалето со Интер: Секогаш е истата приказна…
-
Лига на шампионипред 21 час
Халанд: Финалето ќе биде посебно, имаме мисија која…