Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Обложувалниците очекуваат повеќе голови во Севилја, отколку на „Драгао“

Објавено

на

blank

По вчерашното гол-шоу во Барселона, денеска обложувалниците се воздржани по прашањето на голови што ќе бидат постигнати денеска во натпреварите од Лигата на шампионите на УЕФА.

Со фактот што постигнал „хет-трик“ на Камп Ноу, Килијан Мбапе стана дел од едно привилегирано друштво на напаѓачи, но денеска во фокусот на обложувалниците се натпреварите Порто – Јувентус и Севилја – Борусија Дортмунд.

Според понудата на коефициентите, гостите од Италија се очекува да го имаат главниот збор на „Драгао“, при што шансите за победа се двојно повеќе на нивна страна: победата на Јувентус е оценета со 2,025 додека за триумф на Порто – „Бетвинер“ е подготвен да исплати 4,12 пати повеќе од влогот! Сепак, она што „паѓа во очи“ е фактот дека за постигнатите голови (помалку од 2,5) се нуди коефициент од 1,63 додека за спротивната опција (повеќе од 2,5) коефициентот е повисок, што укажува на помала веројатност за очекување од страна на букмејкерите – 2,25.

На средбата во Севилја, шансите за успех се речиси изедначени: домаќините котираат со коефициент 2,45 додека шансите на гостите од Германија се оценети за нијанса послабо со 2,936. Од друга страна, веројатноста за голови (повеќе од 2,5) тука е оценета со 1,82 или поверојатна од спротивната опција (помалку од 2,5) која изнесува 1,96.

Вечерва на програмата има и две средби од Премиер лигата, при што онаа меѓу Евертон и Манчестер Сити исто така е оценета како натпревар на кој се очекуваат повеќе од 2,5 погодоци, за што коефициентот е 1,61.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни