Игри на среќа
Обложувалниците може непречено да функционираат ако се почитуваат протоколите!

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) денеска испрати соопштение до медиумите во кое наведува дека откако Владата дозволи од 13 мај да се отворат нивните пунктови за уплата и исплата, засега целата оперативност е запазена и се функционира непречено, благодарение на стриктноро почитување на протоколите за работа.
Согласно овие протоколи во сите спортски обложувалници членки на АСОМ, поставени се дезинфекциски средства на влезовите во локалите, а дополнително вработените носат заштитна маска, додека на на шалтер е присутен само по еден играч, односно има растојание од 2 метра со играчот кој следен чека за уплата. Во сите објекти се врши редовно чистење и дезинфекција на сите простории и инвентар, како во текот на работното време, така и по неговото истечување.
Протоколот за заштита диктира и играчите задолжително мора да носат заштитна опрема на лице, маска или прекривка, да одржуваат физичко растојание од 2 метри во уплатното место, и да ги користат средствата за дезинфекција на раце, поставени на влезовите од обложувалниците.
Во соопштението на АСОМ се потсетува дека спортските обложувалници беа меѓу првите деловни субјекти кои со рестриктивните мерки на Владата за заштита од ширење на Ковид-19 беа целосно затворени од 14 март 2020 година. Членките на АСОМ, и покрај големите загуби во текот на двомесечното затворање, немаа отпуштања и ги задржаа сите свои вработени.
– Ние како Асоцијација повеќе од 4 месеци работиме непречено и досега во сите наши објекти целосно функционираат протоколите за работа, донесени од страна на Комисијата за заразни болести. Немаме прекин на работата во ниту еден од објектите на нашите членки заради Ковид-19, што покажува дека и во услови на пандемија, индустријата може да работи, ако доследно се почитува пропишаното. Со оглед на најавите за евентуален есенски бран, апелираме до играчите да продолжат да ги почитуваат мерките за лична заштита и да се придржуваат до протоколот според кој работат обложувалниците. Здравјето на нашите вработени и нашите играчи е наш највисок приоритет,- вели во соопштението претседателот на АСОМ, Васко Илијевски.
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија е активен чинител во општеството и заедно со своите членки работи одговорно, создава услови за работа и кариера, придонесува во економијата и активно делува на полето на општествената одговорност за поддршка на заедницата. АСОМ е формирана 2013 година, а членки на асоцијацијата се: Моцарт, Спор Лајф, Златна Копачка, Евротип, Марбет и Меридиан.

- Англијапред 15 часа
Солскјер откри кој е најлош губитник во Јунајтед: Сите мислат дека тоа е Бруно, но….
- Балканпред 12 часа
Уапсен претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, имал блиски релации со „српскиот касап“ Веља Неволја
- Италијапред 10 часа
Не е подготвен за италијанскиот фудбал: МекКени не можеше да го тргне погледот од задникот на Дилета Леота (ФОТО)
- Италијапред 16 часа
Дојде и тој ден: Роналдо постигна гол, соиграч го имитираше на теренот за време на прославата (Видео)
- Англијапред 14 часа
Клубови од Италија и Шпанија заинтересирани за играч на Манчестер Јунајтед, од клубот му подготвуваат нов договор
- Англијапред 11 часа
Тухел откри дека добил „корпа“ од најголемата ѕвезда на Манчестер Јунајтед: Сериозно го сакав во мојот тим
- НБАпред 8 часа
Дончиќ: Не можете да ме споредувате со Лери Бирд
- Шпанијапред 10 часа
Пике ги предупреди ривалите: Се уште сме живи, сезоната комплетно ќе се смени…