Обложувач од Пробиштип погодил 30 пара за рекордна квота и 135.597 евра

oblozuvanje-300x201@2x

Вчерашниот богат спортски ден до крајот на животот ќе го памети еден љубител на спортското обложување од Пробиштип кој успеал да погоди 30 натпревари на својот тикет и да постави регионален рекорд со погодената квота.

Обложувалницата „Моцарт“ денеска објави дека македонскиот махер со 440 денари заработил неверојатни 135.579 евра, или квота од 13.143 каква не се памети во регионот и која ги померува границите на возможното.

Од 30 пара на тикетот, најмногу проблеми му создале Динамо Дрезден и Нирнберг каде вториот гол падна во судиското продолжение (играно 2+)

Среќниот добитник од Пробиштип покрај рекордната квота, добил и бонус од 40 проценти поради бројот на парови на ливчето.

mozzart-tiket

Facebook Коментари