Поврзете се со нас

Шпанија

Облак по новиот дерби пораз: Тешко ми е да го кажам ова за Реал, но реалноста е…….

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atleti

Атлетико Мадрид едноставно не игра на препознатливо ниво на незгодните гостувања од самиот старт на сезоната, а во таква ситуација, едноставно нема никаква шанса да го брка и да биде блиску до Реал Мадрид.

„Душекџиите“ покажуваат сосема две различни лица кога играат на „Метрополитано“ и далеку од дома, нешто што го видовме и оваа вечер на гостувањето на „Рамон Санчес Писхуан“.

Севилја е блиску до опасната зона и е далеку од нивото на Атлетико, но вечерва успеа да победи со 1:0 и со тоа здивна кога е во прашање битката за опстанок.

Андалузијците победија минимално со голот на Исак Ромеро, а по новиот дерби пораз на гостувањата, Јан Облак се соочи со реалноста и призна дека Атлетико е надвор од битката за титулата.

– Ни се случува постојано исто на ваквите гостувања. Не влегуваме добро во мечот, а потоа работите се комплицираат за нас. Добиваме казна за лошиот влез на натпреварите. Ни се повторува истото и не успеваме да се коригираме. Тешко ми е да го кажам ова за Реал, но реалноста е дека сме многу далеку од нив во овој момент. Нашиот фокус сега треба да биде друг, да размислуваме за обезбедување на место кое води во Лигата на шампионите, – изјави Облак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни