Облак го изимитира ремек-делото на Роналдо и ги освои социјалните мрежи (Видео)

oblak-crven

Јан Облак во изминативе неколку сезони со своите импресивни изданија во Атлетико Мадрид се издвои како еден од најдобрите голмани во светот, но на последниот тренинг на „душекџиите“ докажа дека располага и несекојдневни квалитети за чуварите на мрежата.

Во еден дел од тренингот, на Облак му здодеа тој постојано да биде оној кој ги брани ударите на соиграчите, па дочека еден момента да покаже дека знае да изведе своршено акробатско дело со кое и тоа како потсети на фамозните „ножички“ кои ги изведе Кристијано Роналдо на мечот во Торино во Лигата на шампионите.

Facebook Коментари