Поврзете се со нас

Шпанија

Облак: Ги заменивме улогите со Реал, не им е пријатно да играат против нас

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atleti

Реал и Атлетико Мадрид вчера ја комплетираа фудаблската трилогија која ја имаа во изминатите 25 дена, бидејќи градските ривали од престолнината ги одмерија силите и во Ла Лига после пресметките во Суперкупот и Копа дел Реј.

До оваа фаза од сезоната, се чини дека Атлетико е единствениот тим кој доследно му парира на тимот на Карло Анчелоти, бидејќи четирите пресметки ги заврши со еден пораз, едно реми и две победи.

„Душекџиите“ останаа непоразни на „Бернабеу“ со гол постигнат во 93-та минута, по што Јан Облак говореше и за тоа како Атлетико научил да игра против големиот ривал во последно време.

– Одигравме четири натпревари со нив оваа сезона и ако одиме далеку во Лигата на шампионите, најверојатно ќе се сретнеме уште еднаш. Секогаш се натпреваруваме добро против Реал. Очигледно е дека не им лесно да играат против нас, се обидуваме да бидеме добро поставени и да ги неутрализираме. Знаеме какви играчи имаат, свесни сме за нивните амбиции, но ние ги користиме нашите ресурси и на сите четири натпревари ни одеше добро. Покажавме лице и карактер и целосно се носевме со нив.

– Добро е што извадивме бод, се е подобро од пораз. Со оглед на настаните на натпреварот, бодот е добар за нас. Во нормални услови, Реал е тој кој дава голови на крајот, но сега ги заменивме улогите, – изјави Облак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни