Поврзете се со нас

НБА

Објавени спектакуларните петорки за НБА Ол-стар мечот во Индијанаполис (Фото)

Објавено

на

Foto: twitter.com/nuggets

Ол-стар викендот од година во година добива се помало значење од НБА ѕвездите, но сепак кога доаѓа моментот на вистинската, сите кошаркари сакаат да бидат во стартните петорки на спектаклот кој во минатото со нетрпение го чекаа големите кошаркарски фанови.

Овогодинешниот спектакл во Америка ќе се одрживо Индијанаполис викендот од 16-ти до 18-ти февруари, а три недели претходно, НБА лигата ги објави имињата на десетте најсреќни кои добија најмногу гласови од фановите и медиумите.

Леброн Џејмс ќе биде капитен и по јубилеен 20-ти пат ќе настапи на еден Ол стар меч, а друштво во моќниот тим на Западот ќе му прават уште Кевин Дурент, Никола Јокиќ, Лука Дончиќ и Шеј Гилџес Александер.

Според имињата и формата во која играат петорицата, тимот на Западот треба да влезе како благ фаворит во Ол-стар пресметката, но сепак ништо полош не е и тимот на Истокот.

Јанис Адетокумбо е капитен на Истокот и по осми пат ќе настапи на мечот на ѕвездите, но покрај него, во стартниот тим се најдоа и Џоел Ембид, Џејсон Тејтум, Тајрис Халибартон и Демијан Лилард.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни