Поврзете се со нас

Европски првенства

Објавени шеширите пред ждрепката за ЕП: Македонија нема да може да игра со постојаниот конкурент

Објавено

на

Репрезентацијата на Македонија во четврток ќе ја дознае групата во која ќе настапи на Европското првенство кое во 2022 година ќе се одржи во Унгарија и Словачка.

Селекцијата на Македонија која обезбеди пласман на континенталниот собир како второпласирана во квалификационата група ќе се најде во третиот шешир заедно со домаќинот Словачка, Белорусија, Исланд, Чешка и Франција.

Интересно е тоа што на Европското првенство следната година, барем во групната фаза нема да се сретнеме со репрезентацијата на Чешка која е редовен наш противник на големите натпреварувања или во бараж средбите за палсман на истите.

Шешир 1: Шпанија, Хрватска, Норвешка, Словенија, Германија, Португалија

Шешир 2: Шведска, Унгарија, Русија, Данска, Србија, Австрија

Шешир 3: Словачка, Белорусија, Исланд, Чешка, Франција, Македонија

Шешир 4: Холандија, Црна Гора, Украина, Полска, БиХ, Литванија

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни