Поврзете се со нас

Свет

Објавен во јавноста понудениот договор од Перез кој Левандовски никогаш не го потпиша (Фото)

Објавено

на

Роберт Левандовски со години наназад е еден од најдобрите напаѓачи во светот, но речиси приближно толку долго се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид, нешто што на крајот не се случи.

Полјакот веќе има 31 година и малку веројатно е дека на оваа возраст ќе го напушти Баерн Минхен, особено откако Баварците во неколку наврати одолеаја на нападите од шпанската престолнина. „Кралскиот клуб“ и во последниве неколку години се обидуваше да го оттргне Лева од Минхен, но денеска медиумот „Онет Спорт“ излезе со официјални докази кои ни потврдуваат дека Реал пробал да го купи Полјакот уште во 2014-та година.

Флорентино Перез всушност му понудил соработка на Левандовски откако овој го уништи неговиот тим во Германија со четири гола во мрежата на „кралевите“, по што следело и официјална понуда која била испратена како документ кај агентот на фудбалерот.

На прикажаните страници се гледаат сите детали од договорот кој му го обезбедил тогаш Флорентино Перез, а според кој, Полјакот ќе требал да остане на „Бернабеу“ до 2020-та година.

Во шестгодишниот договор му била загарантирана бруто плата од 8,6 милиони евра, но во истиот биле вклучени и интересни клаузули за работите кои нема да смее да ги прави напаѓачот. Во договорот кој на крај никогаш не се потпиша, пишува дека Левандовски не смее да практикува ризични спортови надвор од фудбалот, односно му се забранува скијање, возење мотоцикл и летање со параглајдер и слично.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни