Објавен календарот за ТЦР Европа во 2020 година

viktor pss belgija 2019

Официјалниот календар за првенството на ТЦР Европа во 2020 година е веќе дистрибуиран до медиумите, а во се предвидени седум трки, колку што имаше и во 2019 година.

Пет од трките се исти, со што се овозможува добар континуитет за натпреварувачите кои учествуваат во највисокото по ранг натпреварување со туринг автомобили на Стариот континент. Две трки кои отпаднаа од календарот се германскиот Хокенхајм и унгарскиот Хунгароринг.

На нивно место, се враќа трката во Ле Кастеле, Франција, на патеката „Пол Рикар“, а откако беше дел од ЕТЦЦ првенството на ФИА, сега во ТЦР Европа влегува и Золдер, со што Белгија ќе биде домаќин на две трки во 2020 година.

За одбележување е дека трката на „Ред Бул Ринг“ што е закажана на 16/17 мај нема да се поклопува со Формула 1 календарот, како и трката во Спа, каде што ќе се вози на неработниот ден (интернационален празник) 1 мај, за да се избегне судир со трката од Формула 1 на патеката Зандворт во Холандија.

Се очекува на овие трки повторно да се појават македонските возачи Виктор Давидовски и Игор Стефановски Иџе, а пријавувањето е отворено до 12 април.

По промените во бодувањето во 2019 година, од 10 на 15 возачи, сега ќе има и други измени. Најавено е дека досегашното темпо на возење од „23 минути + 1 круг“ ќе се смени во трка со финиш во кругот кога ќе се надминат 55 километри. Притоа, ќе има други ситни промени, па така аплицирањето на возилото за безбедност ќе биде лимитирано да одзема по два круга од трката (ако има повеќе, нема да се земат предвид). Бројот на возачи со перманентни лиценци за цела сезона ќе биде лимитиран на 30, колку што претходно изнесуваше лимитот на возачи за една трка. Сумата за лиценца на годишно ниво се очекува да остане на 19.500 евра, додека за апликација само на одделни трки е четири илјади евра по учество.

 

calendar tcr europe 2020

 

Facebook Коментари