Објавен е календарот за авионските трки во 2018

rbar najava hungary 2017

Стартот на единаесеттата сезона по традиција ќе биде во Абу Даби, а викендот на 2 и 3 февруари е определен за старт на сезоната.

Вкупно ќе има осум трки, при што новитет е вклучувањето на францускиот Кан, градот познат по филмскиот фестивал. Традиционално Будимпешта останува во календарот со трклата во која пилотите поминуваат под мостот „Ланчид“, а исто како лани организатор на една трка е Казан, кој важи за најспортски град во Русија. Легендарниот американски автодром Индијанаполис е домаќин на претпоследната трка, па за очекување е дека исто како и минатите сезони шампионот за 2018 година ќе мора да ја совлада успешно и таа „пречка“ на патот кон славата.

Три локации се уште не се познати, од кои една е во Европа, а две се во Азија. Имајќи предвид дека минатите две години како организатор се јавуваше градот Чиба, кој што се смета за лулка на јапонската авијација, за очекување е повторно карванот да помине низ Земјата на изгрејсонцето, можеби токму за финалето на сезоната, како поддршка за одбрана на титулата што ја освои Јошихиде Муроја.

Календар за 2018 година:

02/03 февруари Абу Даби, Обединети Арапски Емирати
21/22 април Кан, Франција
26/27 мај Европа, локација дополнително
23/24 јуни Будимпешта, Унгарија
04/05 август Азија, локација дополнително
25/26 август Казан, Русија
06/07 октомври Индијанаполис, САД
01/02 ноември Азија, локација дополнително

Facebook Коментари