Англија
Оби Микел за играчот на Челси кој разочарува во последно време: Не прелажа со партиите на стартот на сезоната

Челси фати целосно погрешен пат од Божиќ наваму и влезе во резултатска криза која направи тимот да падне на шестото место на табелата, но посебно загрижувачка е формата во која играат неколку сигурни стартери во тимот на Енцо Мареска.
Последните два порази од Брајтон во период од неколку дена само покажаа дека Челси не изгледа воопшто добро, а Џон Оби Микел реши да му се нафрли на еден фудбалер, или поточно на засилувањето кое пристигна од Манчестер Јунајтед.
Џејдон Санчо настапува за „сините“ како позајмен играч од Манчестер Јунајтед, па ако сите беа воодушевени од него на стартот на сеозната, сега полека влегува во ритамот кој направи целосно да пропадне на „Олд Трафорд“.
Санчо забележа само една асистенција и не постигна ниту еден гол на последните 11 натпревари за Челси, а Оби Микел се чувствува измамено и изневерено од некогашниот англиски репрезентативец.
– Џејдон Санчо пристигна во Челси и не измами сите со неколку добри натпрвари. Не прелажа со своите добри партии на стартот, сите си помисливме дека го добивме играчот од Борусија Дортмунд.
– За жал, него повторно го снемува, речиси да го нема на натпреварите на Челси. Навистина не знам што се случува за него, едноставно исчезна на теренот. Ја добива топката, но сега не може да пројде ниту еден противник, не креира шанси за тимот и не помага во нападот, – вели Микел.
-
Свет20 часа
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Англија15 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Шпанија21 час
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Балкан9 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија22 часа
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Англија19 часа
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)
-
Италија20 часа
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Англија16 часа
Руни бил блиску да игра за друга репрезентација: Тоа ќе беше одлично