Англија
Оби Микел открива: Татко ми беше киднапиран, па добив повик од Абрамович

Џон Оби Микел стана доста популарен со својот нов подкаст кој го промовираше во јавноста, па иако од разговорот со Џон Тери излегоа доста интересни анегдоти, сега во интервјуто за „Ток Спорт“ се наврати на една непријатна епизода од неговиот живот.
Поранешната ѕвезда на Челси даде коментар за сложената ситуација со која се соочува Луис Диаз, пред се поради тоа што и самиот тој беше жртва на киднаперска драма со неговиот татко.
Родителот на Оби Микел беше двапати киднапиран и играчот за врска мораше да исплаќа голема сума на пари, а вториот пат драмата се случи за време на Светското првенство кога тој и соиграчите играа против Аргентина.
– Знам како му е на Диаз и знам низ што поминува. Тоа се моменти на неизвесност кои траат цела вечност. Се сеќавам дека мојот татко беше двапати киднапиран, но вториот пат беше полошо. Тоа се случи кога требаше да играме историски меч со Аргентина и Меси на Светското првенство. Од Челси добив голема поддршка, ми се јави и Абрамович. Ме праша дали сака да испрати негови луѓе и да го извлече татко ми. Ми рече дека може да прати негови луѓе и веднаш да го извлече. Јас го прашав како би го направил тоа, а тој ми порача да не се грижами да размислам за таа опција.
– Добив голема поддршка, но на крајот решавав сам. Се мислев дали да им кажам на моите играчи, а моите од дома ми се јавија по телефон и плачеа. Се мислев дали да им кажам на менаџерот и на соиграчите, но не го направив тоа. Играв на мечот, резултатот не беше добар за нас, а по крајот на средбата им кажав на сите што ми се случило. Имаше соиграчи кои плачеа во соблекувалната и ме прашуваа како сум можел да играм.
– После тоа, киднаперите ми дадоа да зборам со мојот татко, ми рече да им дадам што сакаат, бидејќи му бил вперен пиштол на глава и бил тепан постојано. Успеав да платам многу пари и да го вратам мојот татко дома, – открива Микел.
-
Македонијапред 23 часа
(ФОТО) Новиот автомобил на Иџе пристигна во Скопје
-
Германијапред 15 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Италијапред 23 часа
Малдини откри како бил отпуштен од Милан и распали по првиот човек на клубот
-
Шпанијапред 17 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Англијапред 14 часа
Гвардиола воодушевен од тренерот на Тотенхем: Тој го прави фудбалот подобро место, уживам да ги гледам
-
Шпанијапред 17 часа
Гризман и Саул имаа провокативни изјави, Жоао Феликс им одговори (ВИДЕО)
-
Европски првенствапред 21 час
Лазаров повика 35 ракометари на поширокиот список, има и едно изненадување (Фото)
-
Светпред 14 часа
Митровиќ и Милинковиќ-Савиќ го потопија Ал Наср на Роналдо (ВИДЕО)