Поврзете се со нас

Англија

Оби Микел го советува Мареска да се ослободи од двајца играчи и да купи светска класа на нивно место

Објавено

на

Foto:instagram.com/mikel_john_obi

Челси официјално го назначи Енцо Мареска за наследник на Маурисио Покетино и спортскиот проект му го додели на амбициозниот италијански стручњак, кој на „Стемфорд Бриџ“ пристигна по промоцијата во Премиер лигата како менаџер на Лестер, но како и неодамнешен помошник на Пеп Гвардиола.

Мареска ја воодушеви англиската јавност со методите кои ги примени во Лестер и експресното враќање во елитата му донесе многу пофалби, но многу брзо и најголем трансфер во тренерската кариера.

За разлика од Лестер, притисокот во Челси ќе биде далеку поголем и пред Италијанецот се тешки моменти, особено и поради тоа што во Челси има голем број играчи чии судбина е неизвесна.

Нестабилноста е она што го красеше Челси во сезоната која штотуку заврши, па токму поради тоа, Џон Оби Микел го советуваше Мареска да направи две големи промени во срцето на одбраната.

– Тиаго Силва го напушти тимот и потребни ни се неколку централни бека. Дисаси не е подготвен за Челси, се уште е многу млад и потребно е да созрее. Исто така сметам дека Беноа Бадиашил не е играч за Челси.

– Потребни ни се докажани стопери, играчи кои ќе ја стабилизираат одбраната. Сметам дека тоа му е потребно на овој тим, потребна му е стабилност и два стопери кои се светска класа, – советува Оби Микел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни