Поврзете се со нас

Англија

Оби Микел: Фергусон конечно ми прости за тоа што му го направив

Објавено

на

Foto:instagram.com/mikel_john_obi

Џон Оби Микел како 18-годишен тинејџер имаше потпишано прееддоговор со Манчестер Јунајтед и го носеше црвениот дрес на себе, но сепак кога дојде моментот на вистината, тој го извиси Сер Алекс Фергусон и се пресели во Челси.

Нигериецот имаше извонредна кариера на „Стемфорд Бриџ“ и неодамна се потсети на првата тензична средба која ја имал со Фергусон по реализираниот предавнички трансфер, откривајќи дека за малку ќе ги наполнел гаќите поради убиствениот поглед кој го добил од легендарниот Шкотланѓанец.

18 години подоцна, Оби Микел открива дека двајцата се сретнале за време на финалето во Лигата на шампиони во саботата и си размениле неколку зборови, но што е најважно, легендарниот менаџер на Јунајтед конечно му простил за тоа што му го приредил.

– Најдобра вест е што Ферги конечно ми прости после толку долго врреме. Тој ја спомена трансфер сагата неколкупати во својата кариера и секогаш велеше дека јас сум тој кој сум го изневерил.

– Тој е прекрасен 82-годишен човек и најдобро е што се уште изгледа многу силно. Му кажав дека посакувам да го гледам најдолго што може на фудбалскит натпревари, а тој ми возврати срдечно. Ми порача дека сум имал добра кариера во Челси и дека не може да каже ништо лошо за мене. Исто така, порача дека дефинитивно ми простил за трансфер сагата, – открива Микел во разговорот за „Ток Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни