Свет
Оби Микел: Азар носи исти тренерки долго време, затоа не отиде во Саудиска Арабија!

Џон Оби Микел стана доста популарен со подкастот кој го промовираше пред извесно време, што е пандан на програмата која ја нуди Рио Фердинанд веќе неколку години во јавноста.
Нигериецот беше гостин во последната емисија на легендарниот Рио и двајцата се потсетија на доста битки од Премиер лигата, но во еден момент фокусот падна на Еден Азар.
Белгиецот брилјираше во Челси и ниту еднаш не отсуствуваше подолго како член на „лондонските сини“, но потоа не крена глава во Реал Мадрид и реши да се пензионира откако ја заврши етапата во „кралскиот клуб“.
Азар одолеа на арапските милиони и одби неколку примамливи понуди од Саудиска Арабија изминатово лето, а Оби Микел кој е во редовен контакт со Еден сега откри зошто го направил тоа.
– Се слушнав со Азар пред извесно време и ми откри дека Арапите му нуделе по еден милиони евра неделно. Ми порача дека добил две или три понуди за да оди во Саудиска Арабија, но ми се обрати со следниве зборови:
– Микел, зошто да одам, јас имам доволно пари. Ме познаваш и знаеш дека не трошам многу пари…….
– Тоа е толку точно, тој не е еден од оние момци кои трошат пари на скапи работи. Тој носи ист пар тренерки „Најк“ долго време и затоа не отиде во Саудиска Арабија. Ми кажа дека не троши многу пари и дека има доволно заработено за да се посвети на семејството и децата, – порачува Оби Микел.
-
Англијапред 13 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 15 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Светпред 14 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 14 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 16 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Англијапред 9 часа
Менаџерска промена: Искусен стручњак се врати во Премиер лигата (Фото)
-
Италијапред 16 часа
Италијанските фудбалери го избраа играчот на годината и најдобриот тим во Серија А (Фото)
-
Англијапред 12 часа
Легенда на Арсенал: Тен Хаг ќе заработи отказ ако загуби на следните три меча