Англија
Оби Микел: Аморим направи грешка која не смее да ја повтори
Џон Оби Микел беше пред преселба во Манчестер Јунајтед во 2006-та година и практично имаше договорено се со Сер Алекс Фергусон, но на крајот се премисли и заврши во редовите на Челси.
Нигерискиот играч за врска се задржа 11 години на „Стемфорд Бриџ“ и освои се што може да се освои како член на Челси, но откако ја заврши кариерата стана познат по своите поткасти, кои сега доста често се будно следени од страна на англиските медиуми.
Оби Микел во својот последен поткаст зборуваше за падот на Челси во завршницата од 2025-та година, но акцентираше и една огромна грешка која ја направил новиот менаџер на Јунајтед, Рубен Аморим.
Нигерицеот смета дека португалскиот стручњак е директен виновник за последниот пораз од Њукасл, од едноставна причина што решил во стартната постава да ги стави Касемиро и Ериксен.
– Не можев да верувам што прави Аморим против Њукасл. Тоа што ги видов Касемиро и Ериксен во стартниот тим според мене е грешка која не смее да се повтори. Кој ќе трча за другиот во дадената ситуација? Кога имате над 30 години, потребен ви е помлад играч покрај вас кој може да покрие со трчање.
– Потребен ви е млад играч, свежи нозе, некое енергично момче како Маину. Во случајот на Касемиро и Ериксен, не се знае кој може да трча. За мене тоа беше огромна грешка на Аморим, беше ужасно да се гледа Јунајтед во средниот ред, – потенцира Микел.
-
АТП14 часа
Гласна птица го деконцентрираше Ѓоковиќ, сцената стана вирален хит (Видео)
-
Англија23 часа
Аморим за Рашфорд: Дали го одигра неговото за Јунајтед? Мора да го претставува клубот…
-
Италија20 часа
Конте за Кварацхелија: Тој не ме разочара, мислев…
-
Англија24 часа
Фернандеш го мина Бекам со атрактивниот гол против Арсенал (ВИДЕО)
-
АТП22 часа
Елиминиран поранешниот финалист на АО, Синер преку тај-брејкови до прва победа (ВИДЕО)
-
АТП18 часа
Тинејџер му зема сет на Ѓоковиќ, Србинот одговори и обезбеди билет за второто коло во Мелбурн (ВИДЕО)
-
Шпанија23 часа
Откриена пораката која му ја испратил Перез на Модриќ по „петардата“ во финалето: Понекогаш мора…. (Видео)
-
АТП19 часа
Алкарас со убедлив триумф тргна на Австралија Опен (ВИДЕО)