Поврзете се со нас

Франција

Обезбедувањето во Тел Авив жестоко влечеше мало дете, Меси реагираше и ја поправи ситуацијата (Видео)

Објавено

на

Лионел Меси блескаше на вчерашниот натпревар во Тел Авив и сосема заслужено беше избран за играч на мечот во Суперкупот во Франција, не само поради мајсторскиот гол, туку и поради фактот што беше максимално активен во сите офанзивни акции на „светците“.

Меси го постигна првиот гол во победата од 4:0 над Нант и на најдобар можен начин ја отвори новата натпреварувачка сезона, но истовремено ги привлече симпатиите и поради реакцијата кон едно мало момче од Израел.

Мало дете кое дојде во близина на тунелот беше жестоко влечено од страна на обезбедувањето, но добра вест беше тоа што Меси реагираше навреме и ја поправи ситуацијата.

Аргентинецот спречи прекумерна употреба на сила кон детенцето, а воедно и му ја исполни желбата и се сликаше со него пред да се упати кон соблекувалните.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни