Поврзете се со нас

Македонија

Обедниковски е нов член на Академија ФМП

Објавено

на

Борјан Обедниковски е најнов член на македонскиот кошаркарски прволигаш Академија ФМП.

Тој во скопскиот состав доаѓа од Пелистер каде настапуваше во изминативе три години.

– Во новата сезона очекувам добра тимска игра и напорна работа на целата екипа. Се надевам дека ќе играме брза и модерна кошарка. Повеќето соиграчи се млади и затоа мислам дека борбеноста ќе ја краси нашата екипа и секако очекувам добра атмосфера на теренот, но и надвор од него, -истакна 19-годишниот Обедниковски кој потпиша двегодишен договор со Академија ФМП.

Воедно од Академија ФМП информираа дека Никола Анастасовски останува во екипата и во наредната сезона, додека пак претходно нови договори добија Рони Херис и Лука Стојановски, а пак пристигнаа Лука Петровски, Љубиша Димитровски, Стефан Крстајиќ, Теодор Атанасов и Славчо Темелковски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни