Англија
Обамејанг за моментот по кој Тухел беше отпуштен од Челси: Имав чувство дека не ужива во работата
Пјер-Емерик Обамејанг прифати да се пресели во Челси најмногу поради фактот што повторно можеше да соработува со Томас Тухел, тренерот со кој претходно имаше одлична комуникација во периодот додека двајцата беа во Борусија Дортмунд.
Но, непосредно по пристигнувањето на напаѓачот од Габон, Челси загуби од Динамо во Лигата на шампионите, а Германецот заработи отказ од клупското раководство.
Во интервју за „Атлетик“, Обамејанг открил дека се чувствувало дека нешто не е во ред во односот на Тухел и новите сопственици, а тоа кулминирало токму по дуелот со Динамо.
– Го паметам тој ден бидејќи за мене Тухел беше непрепознатлив.
– Не беше истиот човек кој го знаев од пред неколку години, бевме блиски и тој беше единствениот кој ме разбираше додека го носев дресот на Борусија.
– Во Челси делуваше како нешто да не е во ред, имав чувство дека не ужива во работата. Загубивме од Динамо и беше лут, но не се случи она што вообичаено го правеше во такви моменти, само дојде во соблекувалната и потоа замина. Си помислив „ова не е Тухел што го познавам, многу чудно“. Следниот ден заработи отказ, – вели Обамејанг.
-
Англија20 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП14 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија13 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација16 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Македонија22 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Шпанија13 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Германија17 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…