Обамејанг подготвува изненадување за 100. погодок во Бундеслигата

pierre-emerick-aubameyang

Пјер-Емерик Обамејанг и во оваа сезона е ударна игла во нападот на Борусија Дортмунд со 13 постигнати погодови на 15 лигашни натпревари со што стигна до бројката од 98 голови во Бундеслигата.

Тој со ова е најдобриот африкански стрелец во историјата на најсилниот германски шампионат со тоа што за јубилејната „стотка“ подготвува специјално изненадување. Нова можност за да дојде до оваа бројка има во недела на „Сигнал Идуна Парк“ против Волфзбург.

-Почнуваме и се надевам ќе имаме добар старт со домашна победа. Блиску сум до 100 погодоци, веќе имам смислено што ќе правам кога ќе дојдам до таа цел, тоа е изненадување, -рече Габонецот за официјалниот сајт на Бундеслигата.

Facebook Коментари