Поврзете се со нас

Лига Европа

Обамејанг се посрамоти во ремито на Арсенал, Наполи и Елмас поразени во Шпанија (Видео)

Објавено

на

Бенфика и Арсенал оставија се за реванш натпревеварот во 1/16-финалната рунда во Лигата на Европа откако вечерва одиграа 1:1 на стадионот „Луж“, епилог кој дефинитивно е најреален со оглед на тоа што го понудија двата тима на теренот.

Гостите од Северен Лондон беа за нијанса подобри во првиот дел, период од играта во кој се посрамоти капитенот на Арсенал и најдобар стрелец, Пјер Емерик Обамејанг.

Мартин Одегард беше убедливо најактивен во овој дел од играта, додека за најголемото промашување се погрижи Обамејанг кој од непосредна призина го утна цел гол, наместо да ја одработи најлесната задача по додавањето од Белерин. Почетниот резултат беше активен на стартот на вториот дел, а потоа во период од 120 секунди следеа големи возбудувања.

Бенфика поведе со голот од пенал на Пици во 55-та минута, но само две минути подоцна Арсенал се врати преку погодокот на Сака кој се покажа како последен на оваа средба.

Од изедначените пресметки, мора да се напомене дека Гранада со одлична предност ќе патува во Неапол, откако вечерва на домашен терен со сигурни 2:0 го победи Наполи. Елиф Елмас беше стартер и го одигра цел меч, но тимот на Гатузо потклекна во само 120 секунди и од 19-та до 21-та минута прими два гола. Ерера погоди за 1:0, а Кенеди стрелаше за 2:0 што значи дека Наполи е пред нависитна сериозна задача во обидот да се најде во осминафиналето на Лига Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни