Поврзете се со нас

Англија

Обамејанг отворено за конфликтот со Артета: Ме фати за рака и ми рече…

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/OM_Officiel

Пјер-Емерик Обамејанг беше дел од премиерлигашот Арсенал од 2018 до 2022 година, соработка која заврши неславно со оглед на тоа што напаѓачот влезе во конфликт со менаџерот Микел Артета по што дојде до раскин на договорот.

Никогаш не се појавија детали, плус информации за проблемот, стратегот постојано дипломатски одговараше посочувајќи дека тоа е негова одлука, одлуки донесени поради дисциплински причини за да сега Габонецот се врати назад и се обиде да посочи што се случило за да се наруши нивниот однос.

-Пристигнав доцна на тренинг бидејќи доживеав несреќа на пат кон Колни. Артета не ме селектираше да играм против Тотенхем. Потоа дојде кај мене дома по натпреварот и имавме искрен разговор. Почит за тоа.

-Никогаш не сакав да го повредам Артета или клубот со моето однесување. Ја делам одговорноста за она што го направив. Се чувствував повредено и штета што не можев да продолжам да бидам дел од тој проект, -вели африканецот посочувајќи кога едноставно станало јасно дека не може понатаму да функционира со Шпанецот.

-Мајка ми доживеа мозочен удар и јас го одложив враќањето затоа што ја однесов на лекарските прегледи. Кога пристигнав, Артета го заврши состанокот. Ме грабна и викна: „Ме изневери. Не можете да го направите ова со сето она низ кое минуваме, -обелоденува голгетерот кој потоа се пресели во Барселона од каде преку Челси и Олимпик Марсеј сега е во Саудиска Арабија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни