Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Обамејанг не очекувал толку силен отпор од Милан и нивниот најдобар играч: Тој е неверојатен

Објавено

на

Челси скапо ги казни сите грешки кои ги направи Милан на „Стемфор Бриџ“ и победи со високи 3:0, резултат кој не дава баш најреална слика за она што се случуваше на теренот.

Милан не заслужи толку убедлив пораз во Лондон, но грешките во Лигата на шампионите скапо се плаќаат и тука доаѓа до израз искуството на фудбалерите, а таков е случајот со Обамејанг кој беше стрелец на вториот гол.

Габонецот изјави дека едвај го чекал дуелот против својот поранешен клуб каде не доби вистинска шанса, но исто така призна дека не очекувал толку силен отпор од Италијанците и покрај победата од 3:0.

– Да бидам искрен, беше навистина тешко да победиме. Без разлика на резултатот, Милан игра многу добар фудбал. Ако бидам најискрен, не очекував да бидат толку силни, но сметам дека вистинскиот пристап и интензитетот не донесоа до победа, – вели Обамејанг, кој останал посебно импресиониран од Рафаел Леао.

– Тој е неверојатен играч и се гледа дека е многу брз и снаодлив. Делува импресивно кога го гледате. Брз е, силен и може да направи разлика во секој момент. Немам да кажам ништо повеќе, освен тоа дека е неверојатен, – додава Обамејанг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни