Обамејанг изненаден од одлуката на клубот: Не знам зошто сум казнет…

pierre-emerick-aubameyang

Пјер-Емерик Обамејанг не е во составот на Борусија Дортмунд за денешниот првенствен меч против Штутгарт, а причината за тоа е суспензијата од клубот.

„Милионерите“ објавија оти станува збор за дисциплински причини, а германските медиуми почнаа да шпекулираат на темата, па како причина за казната се наведува патувањето на Обамејанг во Барселона кај неговиот пријател Усман Дембеле кој на лош начин се раздели во Дортмунд. Исто така се споменува и доцнењето на тренинг сесиите на Габонецот, но што од ова е официјално точно не е познато со тоа што на темата се огласи и самиот напаѓач преку „Билд“.

-Не задоцнив на тренинг. По моето патување во Милано можев да ја разберам казната зошто ја игнорирав молбата на клубот. Овој пат навистина не можам да разбирам, -истакнал голгетерот на „жолто-црните“.

Facebook Коментари