Поврзете се со нас

Англија

Обамејанг испрати порака на социјалните мрежи и ја откри неговата здравствена состојба

Објавено

на

Пјер Емерик Обамејанг повторно се најде во центарот на вниманието откако мораше да се врати од Камерун поради здравствени проблеми со срцето.

Обамејанг „закачи“ коронавирус, а по опоравувањето од истиот медицинските тестови покажаа дека тој имал срцеви проблеми, по што веднаш беше вратен во Лондон.

По неколку дена неизвесност, самиот играч се огласи преку социјалните мрежи и потврди дека неговото здравје е сосема во ред и дека е подготвен да се врати на зелените терени.

– Се вратив во Лондон за да извршам дополнителни проверки и среќен сум што можам да ви кажам дека моето срце е сосема добро и јас сум целосно здрав. Навистина ги ценам сите пораки кои ги пративте последниве денови. Подготвен сум да се вратам, -напиша Обамејанг на социјалните мрежи.

Сепак и покрај ваквата информација, од Арсенал не го промениле ставот и Обамејанг ќе остане надвор од терените, освен ако не се реализира неочекуваниот трансфер во Ал Наср кој се најавува деновиве.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pierre-Emerick Aubameyang (@auba)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни