Поврзете се со нас

Англија

Обамејанг има едноставно барање за да остане, на потег е Арсенал

Објавено

на

Арсенал се обидува на секој начин да го задржи Пјер-Емерик Обамејанг, а репрезентативецот на Габон се уште не ја донел конечната одлука.

Голгетерот на „топчиите“ ќе влезе во последната сезона од договорот, што значи дека следното лето може да замине без отштета, а тоа е најнепосакуваното сценарио за премиерлигашот.

Последните информации од Англија велат дека Обамејанг преку својот менаџерски тим побарал тригодишен договор со неделна плата од 250.000 фунти, па сега Арсенал треба да најде начин со кој ќе излезе во пресрет на условот поставен од напаѓачот.

Обамејанг дојде во Арсенал во 2018 година од Борусија Дортмунд и експресно стана еден од клучните играчи на лондонскиот клуб.

Актуелниот менаџер Микел Артета не крие дека останувањето на Обамејанг ќе биде клучно и за амбициите на Арсенал следната сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни