Англија
Обамејанг има договор со клубот во кој ќе се пресели од Челси

Маурисио Покетино нема да смета на Пјер-Емерик Обамејанг во новата сезона на Челси, а фудбалерот очигледно веќе го избрал клубот во кој сака да ја продолжи кариерата.
34-годишниот напаѓач се договорил со Олимпик Марсеј и е пред преселба во француското првенство, со што ќе го напушти лондонскиот тим со само 22 настапи зад себе.
Обамејанг не беше вклучен во составот кој отпатува на американска турнеја, што беше уште една потврда дека мора да си бара решение за иднината, а репрезентативецот на Габон по долго време ќе се врати во земјата каде е роден.
Напаѓачот беше доведен од Барселона од Томас Тухел, кој подоцна доби отказ, не беше вклучен во составот за ЛШ од Греем Потер, за на крајот да не успее да се наметне откако доби по некоја шанса од Френк Лампард.
Обамејанг ќе го напушти Челси со само три постигнати погодоци, иако клубот за него плати околу 10 милиони фунти.
-
Шпанијапред 23 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Италијапред 24 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Англијапред 21 час
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Англијапред 23 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
АТПпред 12 часа
Алкарас за првото место на Ѓоковиќ: За тоа размислувам на секој тренинг и турнир…
-
Англијапред 22 часа
Артета остана без најважниот офанзивен играч: Колку и да внимаваме…
-
Англијапред 8 часа
Њукасл го исфрли Сити од Лига Купот, нова „два во еден“ партија на Ливерпул (ВИДЕО)
-
Германијапред 23 часа
Фановите на Баерн испратија порака прекинувајќи го куп дуелот со тениски топчиња (Видео)