Поврзете се со нас

Шпанија

Обамејанг доби незгодно прашање, но даде одговор: Реал Мадрид или Тотенхем? (Видео)

Објавено

на

Пјер Емерик Обамејанг пристигна како големо зимско засилување за Барселона, а уште поповолна вест беше тоа што пристигна како слободен агент и Барса не плати ништо за неговиот трансфер.

Напаѓачот кој беше капитен на Арсенал се збогува од клубот во доста сомнителни услови и со нарушен однос со Микел Артета, но сепак со последниот одговор кој го даде во блиц-интервјуто за „ЕСПН“, покажа дека се уште чувствува љубов кон „топчиите“.

Најважно за навивачите на Арсенал е нивните фудбалери да чувствуваат омраза кон лутиот ривал Тотенхем, а Обамејанг со својот одговор кој не беше лесен, јасно стави до знаење дека не може да ги избира „петлите“.

Габонецот направи интересни избори на доста прашања, го избра Анри пред Мбапе, Роналдињо пред Ривалдо, Клоп пред Гвардиола, „Камп Ноу“ пред „Емирејтс“, но за крај, го избра Реал Мадрид пред Тотенхем и покажа дека има голема трага од времето минато во Северен Лондон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни