Поврзете се со нас

НБА

Нурс за дебатата Џордан или Леброн: Во мојата ера…

Објавено

на

Леброн Џејмс ја освои четвртата титула во својата НБА кариера, а по тој успех со Лос Анџелес Лејкерс одново стана актуелна дебата за тоа кој е подобар меѓу него и легендарниот Мајкл Џордан.

Џордан во своето кошаркарско патување собра шест прстени и беше перфектен во финалните средби со Чикаго Булс, додепа пак Леброн досега 10 пати стигна до битката за тронот и неговиот учинок е 4-6 (порази-победи).

Дебатата се разви и се уште трае, а во истата се вклучи и тренерот на Торонто Репторс, Ник Нурс кој смета дека летечкиот Мајк и кралот се израмнети на врвот.

-Тие се апсолутно израмнети на врвот. Во мојата ера Џордан беше најголемиот, ама човеку имав доволно битки со Леброн за да знам дека исто тој е најголем. Кога се ќе заврши, тоа ќе бидат двајца најголеми играчи, -порача Нурс кој минатата сезона ги предводеше „рептилите“ до титулата во најсилната кошаркарска лига на светот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни