Поврзете се со нас

Боречки спортови

Нуров оствари една победа, но загуби во четвртфиналето на Олимписките игри

Објавено

на

Последниот македонски претставник во Токио, борачот Магомегдаџи Нуров оствари една победа во категоријата до 97 килограми, за подоцна да биде запрен во четвртфиналето на Олимписките игри.

Нуров одлично го почна настапот откако го победи Тунижанецот Саадуи Мохамед со 5:0, а во четвртфиналето се соочи со Ринерис Салас Перез од Куба, кој го доби дуелот со 6:4.

Македонскиот претставник се бореше храбро, израмни на 4:4 откако противникот прв имаше предност, а подоцна во обидот да стигне до победа, Кубанецот успеа да освои два поена за конечни 6:4.

Во зависност од натамошните резултати на Салас Перез, Нуров може да добие шанса за бронзен медал преку репасажот, па сега ќе треба да навива за Кубанецот.

Она што не му оди во прилог е што во полуфиналето, Перез се среќава со Русинот Абдулрашид Садулаев кој е прв фаворит во категоријата и до оваа фаза стигна со две убедливи победи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни