Поврзете се со нас

Боречки спортови

Нурмагомедов упати провокативна порака до Конор по поразот на Ирецот од Поирие: Кога спарингуваш со деца.. (Фото)

Објавено

на

blank

Дагестанскиот УФЦ борец, Хабиб Нурмагомедов кој важи за најдобриот во овој спорт упати провокативна порака до Конор Мекгрегор по вчерашната борба во Абу Даби.

Ирскиот фајтер заработи нокаут од Дастин Поирие, негов прв во кариерата, па очекувано беше дека со коментар во јавноста ќе се јави и Хабиб.

Нурмагомедов во кариерата ги среди и Конор и Поирие, а сега истакна дека тоа што Мекгрегор забележал пораз се должи само на една работа.

– Ова се случува кога го менуваш тимот. Ги оставаш настрана спаринг партнерите кои те направиле шампион и спарингуваш со деца, далеку од реалноста, -напиша Нурмагомедов на социјалнтие мрежи.

На ваквата провокативна порака, веднаш се огласи и Конор Мекгрегор кој истакна дека воопшто не менувал ништо во неговиот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни