Нурмагомедов откри дали ќе има нова пресметка со МекГрегор

Khabib-McGregor

Првиот човек на УФЦ, Дане Вајт пред одредено време најави нов спектакл и битка меѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор МекГрегор, двајца борци кои едноставно не можат да се поднесат и кои веќе има едно соочување во 2018 година кое му припадна на Русинот.

Оттогаш па наваму љубителите на овој спорт едноставно бараат реванш, во јавноста се појавија многу информации, но до таков нов спектакл не дојде, меѓутоа по враќањето на Ирецот на големата сцена и триуфмот над Доналд Серон односно стана актуелно ова прашање.

МекГрегор наводно е подготвен да каже „ДА“, ама Нурмагомедов барем засега останува на ставот дека не сака реванш и тоа уште еднаш го потврди во своето последно обраќање во јавноста.

-Не сум заинтересиран за реванш со МекГрегор. Што ако ми понудат 100 милиони долари за борба? Има многу друго спортови во која таа сума може да се вложи. Зашто ми се потребни 100 милиони долари-сама за да пак го победам, -порача Хабиб кого го очекува меч со Американецот, Тони Фергусон.

Facebook Коментари