Поврзете се со нас

Боречки спортови

Нурмагомедов конечно се огласи по сите најави дека сепак ќе се врати во октагонот

Објавено

на

Дагестанскиот борец, Хабиб Нурмагомедов конечно се огласи во јавноста по многуте најави дека сепак ќе се врати во октагонот иако по победата над Џастин Гејџи најави пензија.

Првиот човек на УФЦ, Дана Вајт во едно интервју рече дека би се обложил дека Хабиб кога тогаш ќе се врати во октагонот со што ја израдува јавноста која очекува да го види дагестанскиот фајтер повторно во акција.

Сепак, ваквите најави сега ги демантираше Нурмагомедов кој останува на ставот дека повеќе нема да се бори и дека од овој момент па натака пари ќе заработува на поинаков начин.

– Постојано ќе има шпекулации за моето враќање. Затоа што Дана Вајт и другите промотори кои би го замениле во иднина секогаш ќе сакаат јас да се борам. Се работи за големи пари, гледаност и покриеност од медиумите, па сигурен сум дека ќе продолжат да ме бараат.

– Само што сте завршиле една борба и фановите веднаш размислуваат на следната. Тие секогаш сакаат шоуто да продолжи, но јас немам намера да продолжам да се борам.

– Што ако се борам уште еднаш? Потоа ќе најдат уште некој предизвикувач кој има 7-8 победи по ред, па пак ќе сакаат да се борам. Има многу добри херои во подем, ѕвезди во изградба, ова е приказна која не завршува.

– Мојата цел беше да стигнам до некое ниво и го сторив тоа. Веќе не гледам натпреварувачки интерес за да останам во игра. Мојата мисија беше извршена. Секако, се уште сум во зрели години и можам да заработам уште тони пари, но јас имам различни цели. А за парите, од сега ќе ги заработувам на друго место, -јасен и дециден беше Хабиб Нурмагомедов во исцрпното интервју за „БиТи Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни