Боречки спортови
Нурмагомедов импресиониран од Гејтџи, но најави жестока битка: Секогаш има гладни лавови (Фото)
Хабиб Нурмагомедов важи за апсолутен владетел во УФЦ окатогонот по незаборавната битка која ја доби со Конор Мекгрегор, но сега Русинот кој потекнува од Дагестан ќе мора да го брани своето „кралство“ од апсолутната сензација од изминатава вечер.
Тони Фергусон требаше да биде жестокиот предизвикувач на Нурмагомедов во битката која се откажа поради коронавирусот, па поради забраната за патувања, УФЦ организираше борба меѓу Американецот и Џастин Гејтџи.
Помладиот Американец брутално ги изобличи Фергусон и само уште еднаш докажа дека во октагонот треба да се оправда улогата на фаворит, а по битката експресно го предизвика Хабиб Нурмагомедов кој исто така беше воодушевен од неговото издание.
– Џастин Гејтџи, беше навистина импресивен. Честитки, многу паметна борба, – порача Хабиб кој подоцна посочи дека ќе го прифати предизвикот и дека ќе се бори со него.
– Во овој спорт, а особено во оваа категорија секогаш ќе има гладни лавови кои ќе ти дишат во врат. Ако се опуштиш, тогаш си готов. Некои заминуваат, а други доаѓаат, тоа не е изненадување. Но, јас нема да паднам додека не добијам удар. Ќе има борба, – нагласи Нурмагомедов.
@Justin_Gaethje it was so impressive, congratulations. Very smart fight.
— khabib nurmagomedov (@TeamKhabib) May 10, 2020
В этом спорте и особенно в этом весе всегда будут голодные львы, которые будут тебе дышат в спину, если ты расслабишься то тебе конец. Одни уходят и другие приходят, тут нечему удивляться.
Но я раньше выстрела не упаду. Мы ещё повоюем. pic.twitter.com/kxLWX8E8Ah— khabib nurmagomedov (@TeamKhabib) May 10, 2020
-
Шахпред 10 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Балканпред 24 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 10 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шпанијапред 14 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Македонијапред 9 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Светпред 13 часа
Невил ги избра трите најважни летни трансфери и го посочи својот фаворит за титулата во ЛШ
-
Шпанијапред 16 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 15 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки