Поврзете се со нас

Боречки спортови

Нурмагомедов и Фергусон се „спукаа“ на социјалните мрежи: Изгледаш како го**о (Фото)

Објавено

на

blank

Едни од најпознатите УФЦ борци, Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон имаа жестока пресметка на социјалните мрежи.

Парот кој никогаш досега не успеал да се пресмета во октагонот, си размени неколку зборови на социјалните мрежи по една провокативна објава од страна на Тони Фергусон. Сега кога двајцата не може да се сретнат во меѓусебна борба, поради фактот што Хабиб е веќе пензиониран, се решија да се пресметаат на социјалните мрежи.

Американскиот фајтер го „пецна“ Нурмагомедов со објава на која се гледаат раскрвавените лица на противниците кои тој ги победил, а како споредба стави фотографии од борците кои ги победил Нурмагомедов, кој претежно ги добива битките без многу удари, со задушување на противниците.

На ваквата објава нем не остана дагестанскиот борец кој му порача на Фергусон да се сконцентрира на неговата следна борба, наместо да објавува на социјалните мрежи.

– Наскоро имаш борба, твојот противник е многу тежок иако е потценет во лесна категорија, фокусирај се на него. Ти посакувам тебе и на твоето семејство се најдобро, иако изгледаш како гом*о, -му порача Нурмагомедов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни