Поврзете се со нас

НБА

Нуркиќ по новиот дуел со Грин: Ништо не научил, прашање на време е кога ќе нокаутира друг играч (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Suns

Натпреварот меѓу Голден Стејт и Феникс донесе квалитетна и неизвесна кошарка, со кулминација во вид на тројка за победа на Стеф Кари на помалку од секунда до крајот на средбата.

Но, фановите и медиумите со нетрпение го очекуваа овој дуел и поради новото соочување на Јусуф Нуркиќ и Дрејмонд Грин, откако членот на Голден Стејт заработи долга суспензија поради намерното удирање на противничкиот играч на претходниот дуел на овие две екипи.

Нуркиќ и Грин и овојпат се „јадеа“ на теренот, а кошаркарот од БиХ по средбата истакнал дека противникот воопшто не го променил своето однесување и покрај долгите разговори со експерти за време на суспензијата.

– Тажно е, бидејќи не научил ништо. Само прашање на време е, наскоро ќе нокаутира некој друг играч. Повлекувам се што кажав претходно, тој не заслужува уште една шанса, – рекол лутиот Нуркиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни