Поврзете се со нас

НБА

Нуркиќ го предизвика Јокиќ, но и му помогна на Денвер со потег во самиот финиш (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/nuggets

Натпреварот меѓу Феникс и Денвер донесе интересно балканско соочување на Јусуф Нуркиќ и Никола Јокиќ, при што и двајцата беа најрасположени за реализација во своите екипи.

Центарот од БиХ стигна до дури 31 поен, еден повеќе од Кевин Дурент, додека Јокиќ покрај 21 поен, реализираше и дури 16 асистенции, со кои им помогна на соиграчите, но и воопшто на актуелниот шампион да стигне до победата во Аризона.

Иако Нуркиќ имаше одлична вечер, на крајот со еден неспортски прекршок токму над Јокиќ им помогна на гостите да стигнат до зацртаната цел. По одлуката на судиите на резултат 111:114, Јокиќ максимално казни на спротивната страна и ја завери победата со резултат 111:119.

Далас загуби од Мемфис без Лука Дончиќ во тимот, додека Бостон нанижа уште една победа, овојпат совладувајќи го тимот на Филаделфија, кој одигра одлично без Ембид и Мекси.

Бостон-Филаделфија 125:119
Орландо-Вашингтон 130:125
Далас-Мемфис 94:108
Торонто-Њујорк 106:119
Њу Орлеанс-Сан Антонио 121:106
Феникс-Денвер 111:119

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни