Свет
Нуно заработил отказ поради зборовите кои му ги испратил на Бензема

Нуно Еспирито Санто не го издржа притисокот во Ал Итихад и не се снајде најдобро откако тимот беше засилен со неколку ѕвезди, од кои најголемата беше Карим Бензема.
Токму Французинот бил иницијална каписла за отказот кој го заработил, бидејќи по премиерната караница која ја имаа пред два месеци, најновата резултирала со разрешница на искусниот стручњак кој во минатото ја водеше Валенсија, но и Тотенхем во Премиер лигата.
По последниот пораз, Нуно му се нафрлил на Бензема и му посочил дека е лош пример за останатите во тимот, а воедно го нарекол и „мрзлив“ поради тоа што не им помага на соиграчите во одбрана.
Оваа ексклузивна информација ја пренесува медиумот „Ал Ријадијах“, кој во својата вест додава дека ова се случило 24 часа пред Португалецот да заработи отказ.
Саудискиот шампион ќе му остана благодарен на Нуно поради титулата која ја донесе минатата сезона, но како и етапата во северен Лондон, Сантош уште еднаш покажа дека не се снаоѓа баш најдобро кога има повлијателни и позвучни имиња во тимот.
-
Светпред 13 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 14 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Англијапред 12 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 13 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 15 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Италијапред 15 часа
Италијанските фудбалери го избраа играчот на годината и најдобриот тим во Серија А (Фото)
-
Англијапред 9 часа
Менаџерска промена: Искусен стручњак се врати во Премиер лигата (Фото)
-
Англијапред 11 часа
Легенда на Арсенал: Тен Хаг ќе заработи отказ ако загуби на следните три меча