Поврзете се со нас

Англија

Нуно за својата тактичка експертиза: Таргетиравме двајца играчи на Ливерпул

Објавено

на

Foto:x.com/NFFC

Нотингем Форес испиша историски триумф во саботата и после 55 години оствари победа на „Енфилд Роуд“, и тоа во сценарио кое нималку не им се допадна на навивачите на англискиот великан.

По трите стартни победи во Премиер лигата, тимот на Арне Слот загуби од „шумарите“ и дозволи неуспех на домашен терен, што од друга страна беше историско достигнување за гостите кои не знаеја за победа во Ливерпул повеќе од пет децении.

Нуно Еспирито Санто до перфекција го одработи зацртаниот план и не штедеше комплименти за своите фудбалери, но на новинарите им откри врз што се темелела неговата тактичка екпертиза.

Португалскиот стручњак обелодени дека во неговите анализи посебно издвоил двајца играчи на Ливерпул, кој всушност биле таргетирани од неговите фудбалери во текот на сите 90 минути.

– Со оглед на тоа што сите знаеме каков тим е Ливерпул, мора да добиете неверојатен труд од играчите за да остварите победа. Мора да бидете организирани цело време, да покривате за своите соиграчи и да се надополнувате. На стартот на мечот, Нико Домингез и Елиот Андерсон беа задолжени за нивните странични бекови Енди Робертсон и Трент Александер Арнолд.

– Кога играте против Ливерпул, најважно е да ги покриете страничните бекови, а јасно е дека тоа не може да го правите цели 90 минути. Затоа направивме измени, се троши многу енергија со таков пристап, но овојпат се исплатеше. Кога доаѓате на вакво место, мора да имате идеја како да ги „украдете“ бодовите, ние тоа го направивме со таргетирање на страничните бекови, – откри Нуно Санто.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни