Поврзете се со нас

Англија

Нуно Санто за сонародникот од Јунајтед: Бруно не е доволно почитуван во Англија

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ManUtd

Нотингем Форест денеска ќе се соочи со Манчестер Јунајтед во натпревар на кој „црвените ѓаволи“ ќе ја имаат фаворитската улога, а менаџерот Нуно Санто на пресот зборувал и за својот сонародник Бруно Фернандеш.

Новиот предводник на „шумарите“ смета дека Португалецот е потценет во Англија и добива многу поголем респект во својата земја.

– Имам големо почитување за Бруно како човек и фудбалер.

– Можеби добива критики од многумина поради односот за време на натпреварите, но тој е максимално мотивиран и тоа е важен квалитет за еден професионален фудбалер. Постојано сака да победува, да го одведе тимот на повисоко ниво, тој е голем играч, еден од најдобрите во Премиер лигата.

– Сите Португалци се горди на него, настапува за националниот тим и е капитен на Јунајтед, важи за еден од најдобрите примери за младите генерации, – рекол Нуно Санто.

Нотингем го пречекува Манчестер Јунајтед вечерва од 18:30 часот.

Црн ден во семејството Ристовски, Бруно му испрати емотивна порака на Стефан (Фото)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни