Поврзете се со нас

Англија

Нуно Санто: Нотингем не доби чист пенал против Њукасл (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/NFFC

Нотингем вчера одигра неизвесен натпревар со Њукасл, а на крајот менаџерот Нуно Санто Еспирито сметал дека „шумарите“ се сериозно оштетени од судиите.

При резултат 2:2, во ВАР собата се прегледуваше снимка за потенцијален пенал за домаќините, но проценката беше дека судијата Ентони Тејлор не направил грешка и тој не беше повикан да го прегледа спорниот контакт меѓу Дубравка и Авонији.

Португалскиот стручњак очекувано смета дека тоа бил клучен момент, затоа што кратко подоцна Њукасл поведе и го задржа резултатот 2:3 до крајот.

– Го прегледав видеото многу пати и за мене е чист пенал.

– Мислам дека можеби Ентони Тејлор не можеше добро да види што се случи поради својата позиција, но не разбирам зошто ВАР асистентите не го повикаа да ја прегледа снимката.

– Не знаеме што ќе се случуваше до крајот ако добиевме пенал, но сигурно немаше да биде исто. Тоа беше клучен момент, – рекол Нуно Санто.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни