Поврзете се со нас

Англија

Нуно направи тактичка промена за Арсенал и со брутално искрен одговор го замолкна Кион (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/NFFC

Нотингем Форест ја одбрани својата тврдина и остана непоразен во дуелот со Арсенал, па така натпреварот кој заврши со резултат 0:0 најдобро му дојде на Ливерпул.

Лидерот на табелата сега има 13 бодови повеќе од второпласираниот Арсенал и трката за титулата се повеќе прераснува во невозможна мисија за „топчиите“, кои вчера одново почувствуваат што значи да се нема напаѓач во стартниот тим.

Проблемите со повредите го натераа Микел Артета да го игра Мерино како центарфор, па ова го натера Нуно Еспирито Санто да отстапи од својата стандардна тактика со пет дефанзивци кога игра против најсилните тимови во Премиер лигата.

Мартин Кион му го нагласи ова на менаџерот на Нотингем по крајот на мечот, а Нуно со својот брутално искрен одговор го замолкна легендарниот фудбалер.

– Арсенал нема напаѓач, а со Мерино на таа позиција, нема потреба од екстра играч во одбраната. Знаевме дека ни треба играч плус во средниот ред, планот беше да одржиме ритам во средината, – изјави Нуно.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни