Поврзете се со нас

Свет

Нуњез „полуде“ и се качи на трибина да се тепа со колумбиските фанови (ВИДЕО)

Објавено

на

Колумбија го доби Уругвај со 1-0 и се пласираше во финалето на Копа Америка, но оваа средба имаше и „трето полувреме“ кое дефинитивно ќе донесе дополнителни санкции.

Непобедливата Колумбија го сруши Уругвај и по 23. години ќе се бори за пехарот на Копа Америка (ВИДЕО)

Беше нервозно на теренот, имаше одредени „закачки“, но тоа што се случуваше на трибините навистина ретко се гледа во денешно време. Дел од уругвајските репрезентативци се качија на трибините и се степаа со колумбиските фанови, а во фокусот беше Дарвин Нуњез.

Играчот на Ливерпул беше највоинствен и тргна машки да се преслетува со навивачите кои според информациите ги вознемирувале, напаѓале неговото и останатите семејства на Уругвајците, поточно затоа и таква беше нивната реакција.

-Дозволете ми да кажам нешто пред да ве прекинат бидејќи не ни дозволуваат да зборуваме на микрофон, не сакаат да кажам ништо за тоа што се случува, но ова е катастрофа. Ве молам бидете внимателни, нашите семејства се на трибините, има мали новороденчиња. Ova беше катастрофа; немаше полиција и моравме да ги браниме нашите семејства. За ова се виновни двајца или тројца луѓе кои испиле премногу и не знаат да пијат, -истакна дефанзивецот Хосе Марија Хименез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни