Поврзете се со нас

Англија

Нуњес направи почетничка грешка, Јунајтед направи неверојатен пресврт на „Итихад“ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Големото дерби на Манчестер секогаш е посебно интересно без оглед на изгледот на табелата и формата на двата тима, а доказ за тоа добивме и оваа вечер на „Итихад“.

Сити и Јунајтед влегоа во пресметката со многу лоши впечатоци на последните натпревари, па иако се чинеше дека Сити ќе ја продолжи добрата серија на резултати против Јунајтед во домашното првенство, на крајот следеш нов студен туш за Пеп Гвардиола оваа сезона.

„Граѓаните“ поведоа во првиот дел со голот на Гвардиол по една топка која среќно стигна до него, но сепак Сити не успеа да профитира од овој погодок, бидејќи повторно беше без многу идеи и решенија пред противничкиот гол во моментите кога имаше полушанси за втор гол.

Манчестер Јунајтед во вториот дел не ја искористи најдобрата шанса во 74-та минута преку Бруно Фернандеш, но тоа што не му успеа од игра, му успеа од белата точка.

Матеус Нуњес направи почетничка грешка во 87-та минута и го собори Амад Диало откако најпрво му ја подари топката, па така Бруно во 88-та минута доби стопроцентна шанса за 1:1.

Капитенот не погреши и донесе израмнување, но ова му даде ветер во грб на гостинскиот тим, кој искористи уште една заспана реакција во противничката одбрана за целосен пресврт и неверојатна победа на „Итихад“.

Амад Диало прерасна во херој со изборениот пенал и голот за 1:2 во 90-та минута, а воедно ја оправда довербата на Рубен Аморим кој пред натпреварот ги исфрли од тимот Маркус Рашфорд и Алехандро Гарначо.

Головите погледнете ги ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни