Поврзете се со нас

Лига на шампиони

„Нулта-толеранција“: ЕХФ му изрече казна на Еурофарм Пелистер поради расизам

Објавено

на

Foto:facebook.com/hceurofarmpelister

Европската ракомента Федерација е позната како тело кое има „нулта-толеранција“ кон расистичките, религиските и дискриминирачките пораки, па носејќи се по своите принципи, денеска излезе со соопштение дека му е изречена казна на актуелниот македонски првак.

Еурофарм Пелистер освои бод во пресметката со Фредериција која ја одигра на домашен терен пред две недели, но поради недолично однесување на публиката во Битола, клубот сега ќе мора да ја олесни својата каса.

ЕХФ изрече парична казна од 6 илјади евра за македонскиот претставник во Лигата на шампионите, појаснувајќи дека за време на натпреврот било утврдено расистичко и недолично однесување од дел од фановите.

Во поднесеното соопштение, ЕХФ потенцира дека секогаш ќе го промовира пријателството и разбирањето во ракометот, но изречно ќе ги казнува сите оние кои дискриминираат на расна, религиска, или политичка основа.

Според појаснување, дел од казната изречена за Еурофарм Пелистер содржи и условна компонента, односо 1000 евра од вкупно 6000 ќе бидат активирани само доколку се повтори нешто слично од навивачите на македонскиот клуб во наредните две години.

Пелистер како клуб може да поднесе жалба на оваа донесена одлука, и тоа во период од седум дена.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни