Новозеланѓаните бесни: Перуанците не будеа со огномет и не надлетуваа со ловци (Видео)

peru-avioni

Перу успеа да излезе како победник во плејоф пресметката со Нов Зеланд и се пласираше на СП во Русија. И додека фановите на јужноамериканската земја деновиве го прославуваат големиот успех, фудбалската федерација на Нов Зеланд открива интересни детали поврзани со однесувањето на домаќинот на реваншот кој се играше во Лима.

Притисокот на домаќинот започнал со фактот што авионот на делегацијата од Нов Зеланд морал да кружи три часа на аеродромот пред да добие дозвола да слета, а навивачите користеле пиротехнички средства и класичен огномет пред хотелот во кој биле сместени гостите.

Кулминацијата се случила кога три армиски авиони го надлетувале хотелот и летале толку ниско што ги преплашиле и локалните жители, кои и самите сметале дека се работи за претеран притисок, па и самите ги снимале авионите. „Вамос Перу“ пишувало на долниот дел на трите ловци кои предизвикувале голема бучава, а поради овој проблем, амбасадата на Нов Зеланд побарала објаснување од надлежните во Перу.

– Очекувавме провокации и пиротехнички средства, но ова беше премногу. Не знам кој би можел да гарантира безбедност за нашата делегација во вакви услови, – стои во соопштението на новозеландската федерација.

Facebook Коментари