Поврзете се со нас

НБА

Новото засилување за Далас: Добро е, повеќе нема да мора да го чувам Дончиќ

Објавено

на

Екипата на Далас Маверикс се очекува да игра значајна улога и во новата сезона во НБА лигата, сезона во која одново улогата на најдобар играч, лидер треба да ја има Лука Дончиќ.

Составот од Тексас донесе неколку неколку нови имиња кои треба да му бидат од помош на Дончиќ, а едно од нив е Реџи Булок. Булок од 2013 година настапува во најсилната лига на светот, има играно за Клиперс, Лејкерс, Феникс, Детроит, Њујорк, па неговото искуство, играта во одбраната и шутот од дистанца треба да донесат нешто плус во играта на Далас.

Реџи е среќен што ќе игра за Мавс, но и што воедно нема да мора повеќе да го чува извонредниот Дончиќ.

-Се што прави на теренот, шутирањето, движењето, начинот на кој ги вклучува играчите, тој е одличен играч. Драго ми е што можам да кажам дека ми е соиграч, што не треба повеќе да го чувам.

-Имавме некои големи битки кога игравме едни против други. Тој дефинитивно е компетитивен и ја сака играта и има многу почит за неа, па мило ми е што сега го нарекувам соиграч, -рече Булок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни